Гран Канарија падна пред Валенсија

Мекејлеб и Хендрикс елиминирани од „Копа дел Реј“

Гран Канарија заврши со настапот во „Копа дел Реј“, откако во четвртфиналето беше совладана од Валенсија со убедливи 88:72.

објавено: 17 февруари 2017 - 20:57

Екипата на Гран Канарија заврши со настапот во „Копа дел Реј“, откако во четвртфиналето беше совладана од Валенсија со убедливи 88:72 (23-17, 26-17, 13-16, 26-22). „Канаринците“ за кого настапуваат натурализираните Македонци, Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс немаа буквално никакви шанси да го изненадат фаворитот, а немаа ниту расположени кошаркари за игра.

Мекејлеб со десет поени (3/5 за два, 4/5 за еден поен) беше втор стрелец во редовите на својот тим. За 20:35 минути во игра имаше уште две асистенции. Хендрикс пак запиша пет поени, во игра мина 10:36 минути и имаше два скока и една асистенција.

Најново во Кошарка