НАТУРАЛИЗИРАНИОТ МАКЕДОНЕЦ НАЈДЕ КЛУБ

Мекејлеб се враќа во АЦБ-лигата, во дресот на Сарагоса

Лестер Бо Мекејлеб по пауза од пола година најде нов клуб. Некогашниот македонски репрезентативец повторно ќе биде дел од силната АЦБ-лига, ќе го носи дресот на Сарагоса. 

објавено: 13 декември 2017 - 18:58

Лестер Бо Мекејлеб по пауза од пола година најде нов клуб. Некогашниот македонски репрезентативец повторно ќе биде дел од силната АЦБ-лига, ќе го носи дресот на Сарагоса. 

Мекејлеб минатата сезона беше дел од тимот на Гран Канарија, по истекот на договорот челниците на клубот одлучија да не ја продолжат соработката. И покрај тоа што беше надвор од натпреварувачки ритам, Американецот со македонски пасош успеа да пронајде клуб, неговиот договор има важност до крајот на оваа сезона.

По 11. кола во АЦБ-лигата новиот тим на Мекејлеб е на 13. место со четири победи и седум порази. 

 

Најново во Кошарка