ГРАН КАНАРИЈА УБЕДЛИВА НА ГОСТИ ВО СЕВИЉА

Мекејлеб - Војдан 8:5

Лестер Бо Мекејлеб го победи Војдан Стојановски во оној индивидуален скор, а тимот од Лас Палмас беше немилосрден против Реал Бетис (89:70).

објавено: 12 март 2017 - 14:45

Во натпреварот кој беше јубилеен за Реал Бетис, екипата од Севиља не успеа да ја прекине лошата серија на порази.

Во 1.000 меч кој тимот од Севиља го одигра како член на АЦБ лигата, беа поразени од Гран Канарија.
Славеше тимот каде има двајца Македонци, макар и натурализирани, на крајот и повеќе од убедливо, со (89:70).


А Лестер Мекејлеб го доби оној „индивидуален меч" против Војдан Стојановски. Некогашните репрезентативни соиграчи, сега на две различни страни. Со слаба реализација (3/10 од поле) бекот на Гран Канарија како резервист, постигна осум поени, кои ги дополни со четири скока и три асистенции за 17:14 минути во игра.
Не му одеше ниту на Стојановски. Нашиот репрезентативен капитен даде само пет поени (2/7 од игра и 1/2 од линијата за слободни фрлања) за 23:47 минути во кои имаше и по два скока и две асистенции.
Ричард Хендрикс беше третиот македонски актер на овој јубилеен меч во Севиља. Силното крило на „сино-жолтите" играше нецели девет минути во кои реализираше четири поени (ги погоди двата удари од поле).

Најново во Кошарка