СЕ ЗБОГАТИ МАКЕДОНСКАТА ЛИСТА НА СУДИИ ВО ФИБА

Мијалковски и Давидов добија ФИБА-беџ

Иван Мијалковски и Александар Давидов ја збогатија македонската листа на судии со знакот на ФИБА. Овој двоец неодамна успешно го мина тестирањето во Загреб, и откако положија, се здобија со таканаречена бела лиценца, која важи две години.

објавено: 17 јули 2017 - 15:16

Иван Мијалковски и Александар Давидов ја збогатија македонската листа на судии со знакот на ФИБА. Овој двоец неодамна успешно го мина тестирањето во Загреб, и откако положија, се здобија со таканаречена бела лиценца, која важи две години.

Со белата лиценца, Мијалковски и Давидов од наредната сезона ќе може да судат секакви натпревари кои се под капата на ФИБА, освен Лигата на шампиони. Мијалковски беше прогласен за најдобар судија за 2016 година од страна на судиската комисија на Град Скопје.

Досега на листата на ФИБА арбитри од Македонија фигурираа шестмина арбитри кои уште се активни. Тоа се Петар Денковски, Алија Феревски, Александар Милојевиќ, браќата Игор и Зоран Митровски, и Александер Павлов.

Најдобрите македонски кошаркарски судии често се прогласуваат за виновници од страна на клубовите кои губат натпревари најчесто во суперлигата или плејофот, често им се приговара за одлуките кои ги носат, а врвот беше достигнат за мајсторката од последното финале кога МКФ и двата клуба се договорија во интерес на регуларноста и коректноста, да судат странски судии.

Нашите судии често се делегирани да судат во меѓународни натпреварувања, а најнов пример се Зоран Митровски и Милојевиќ, кои во моментов делат правда на мечеви од Европското првенство Б дивизија во Романија. Имаше примери кога македонски судии судеа и во машката и женската Евролига, на Европско првенство, во АБА лигата, и слично. Сега со Мијалковски и Давидов, ФИБА ќе има поголем избор на интернационални судии од Македонија за делегирање на своите натпреварувања.

Најново во Кошарка