Македонскиот тренер се сели во Турција

Митев му се придружи на Филиповски во Банвит

Македонскиот тренер ја продолжува својата интернационална кариера, како асистент во стручниот штаб на турскиот тим каде главен стратег е Сашо Филиповски.

објавено: 26 јули 2016 - 09:25

Бобан Митев ќе биде дел од стручниот штаб на тимот на Банвит. Македонскиот стратег кој има богата интернационална кариера повторно ќе работи во тандем со Сашо Филиповски.

Екипата на Банвит, минатата сезона заврши на петото место во тамошниот шампионат, а во покрај домашното првенство ќе настапува во Лигата на шампионите. Турскиот тим е во групата А заедно со екипите на Арис, Нимбрук, Фраспорт, Хелиос и Монако.

Митев на стартот на минатата сезона, поточно до ноември го предводеше тимот на Кожув, кој беше негов последен клуб. Претходно беше дел од Иранскиот национален тим, а ги има водено екипите на Алба Берлин, Башкими, беше асистент на Сашо Филиповски во Локомотив Кубан , Туров, Анвил Вроцлав...

 

 

 

Најново во Кошарка