УШТЕ ЕДНА ОДЛИЧНА ПАРТИЈА ЗА МЛАДИОТ БЕК ВО ШПАНИЈА

МКФ НЕКА ЈА ЧЕКА КАЗНАТА: Димитријевиќ уште еднаш „двоцифрен“

Младиот Македонец против кого матичната федерација поведе дисциплионска постапка, од коло во коло игра се подобро и подобро во Ендеса лигата...

објавено: 21 октомври 2018 - 14:23

Втора победа за Хувентуд во најсилната европска лига - Ендеса.

Тимот од Бадалона за кој (сеуште) игра од МКФ, суспендираниот, Ненад Димитријевиќ, славеше сигурен триумф во дуелот пред својата публика против Делтеко Гибкоа (88:64)

Во првото полувреме, кое Хувентуд го доби со десет поени (47:37), Димитријевиќ играше шест минути, а реализираше седум поени (1/2 за три и 2/3 за два поени), плус две асистенции и еден скок.

Младиот Македонец продолжи со добра игра и во второто полувреме во кое Хувентуд имаше слаб вовед во третата четвртина, но тие „лоши минути" беа само неколку. Екипата од Бадалона брзо ја врати двоцифрената разлика, и мирно го приведе овој натпревар до крајот.
За конечни (88:64) во кои Димитријевиќ се вгради со 11. поени, (5/9 од поле), имаше и три додавања и еден скок за 17:36 минути во игра.
По четири одиграни натпревари, Хувентуд (има за играње и еден одложен меч) стигна до половичен ефект (2-2).

Најново во Кошарка