РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ПРОДОЛЖУВА ВО СТРАНСТВО

Младеновски потпиша за словенечки клуб

За центарот ова ќе биде прво интернационално искуство 

објавено: 9 август 2017 - 12:40

Македонскиот репрезентативец, Љубомир Младеновски, кариерата ќе ја продолжи во Словенија. Екипата на Илирија од Љубљана е следниот предизвик за високиот центар.

Тоа е тим кој во првата словенечка лига, а тренер им е Саша Дончиќ, татко на најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ. Соиграчи ќе му бидат ветераните Горан Јагодник и Јасмин Хукиќ. Дебито во дресот на Илирија, Младеновски ќе го има на 7 октомври, на гостувањето кај Унион Олимпија. 

Во изминативе четири години Младеновски го носеше дресот на МЗТ Скопје Аеродром и освои четири титули. Иако имаше понуда да остане во „Јане Сандански“, центарот беше решен по секоја цена да ја продолжи кариерата во странство.

Токму екипата на Илирија е неговиот прв интернационален предизвик. 

Најново во Кошарка