ВЕЌЕ ТРАДИЦИОНАЛНО...

На Бајрам, Антиќ во друштво на „газда" Азиз

На третиот ден од Бајрам, веќе по некоја непишана традиција, претседателот на спортското друштво Фенербахче, Азиз Јилдирим, организира доручек за спортистите.

објавено: 4 септември 2017 - 17:47

На третиот ден од Бајрам, веќе по некоја непишана традиција, претседателот на спортското друштво Фенербахче, Азиз Јилдирим, организира доручек за спортистите.

Во феноменалниот комплекс на „Фенер" кој се наоѓа во населбата „Кадикој", на морскиот брег на Истанбул, на овој собир беше и нашиот интернационалец, ПPеро Антиќ.


Антиќ, кој и следната година ќе ја помине како играч на европскиот шампион, имаше уште една можност за време на својот престој во градот на Босфорот, уште еднаш да се дружи и со другите познати личности од спортското друштво на популарните „канаринци".
Се разбира, успесите си го прават своето, па овојпат во „преден план" беа токму кошаркарите, кои за прв пат во својата историја стигнаа до европската круна,
Од друга страна пак, оние од фудбалската секција, по елиминацијата од нашиот Вардар, беа „сместени" во оние други редови на овој прием.

Најново во Кошарка