МУЈО ОСВОИ ТИТУЛА ВО ВТОРАТА ИЗРАЕЛСКА ЛИГА

На Тачи му тргна како тренер

Поранешниот кошаркар на МЗТ, Вардар и Лирија, работи како помошник тренер во Хапоел Бер Шева

објавено: 24 мај 2018 - 20:00

Мухамед Тачи со клубот Хапоел Бер Шева ја освои шампионската титула во втората израелска лига, и со тоа направи голем успех, бидејќи тимот беше четврти во регуларниот дел. Во финалето, Хапоел со 3-0 го победи Макаби Кирјат Гат, кој беше прв носител. Македонскиот Албанец во Хапоел му е помошник на тренерот Јанив Бургер.

Тачи летово најверојатно ќе биде помошник на селекторот на кадетската репрезентација (У-16) на Косово, а доби покана и за учество на НБА кампот кој го организира Заза Пачулија во грузискиот главен град Тбилиси. 

Најново во Кошарка