ПЕРО Е ВО БЕЛГРАД, СПРЕМЕН ЗА АКЦИЈА СО „ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ“

НЕМА ЧЕКАЊЕ: Антиќ веднаш ќе заигра за Звезда

Првиот дуел на Перо Антиќ во дресот на Црвена Зведа после пауза од десет години, би требало да се случи утревечер во салата „Александар Николиќ" во Белград, кога српскиот првак ќе одигра пријателски меч со Локомотив Кубан.

објавено: 15 септември 2017 - 10:45

Интересно е што Антиќ го има носено дресот и на Локомотив, во сезоната 2008/2009, па ќе има прилика да игра против својот поранешен клуб.


Откако Антиќ потпиша едногодишен договор со Звезда во понеделникот, најавите беа дека на тимот треба да му се приклучи синоќа, или денеска. Веројатно ќе има време само за еден-два тренинга за запознавање со новите соиграчи пред да настапи в сабота вечер.
За оние фанови кои имаат сезонски билети и биле учесници во акцијата „донирај и доминирај", влезот ќе биде слободен. Средбата почнува во 18 часот.
После контролата со Локомотив, Звезда заминува на турнир на Крит, каде ќе учествуваат уште Олимпијакос, Макаби и Уникс.
После договорот со Антиќ, Црвена Звезда ја комплетираше екипата од која се очекуваат забележотелни настапи во Евролигата и одбрана на трофеите во АБА и на домашна сцена.

Најново во Кошарка