Висок пораз во Истанбул за гостите

Нема пауза за капитенот - Војдан Стојановски и Бујукчемече декласирани од Фенербахче

Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, денеска одигра речиси 20 минути за Бујукчекмече против фаворитот Фенербахче, а во поразот од 59:82 на гостински терен забележа само 4 поени 

објавено: 28 ноември 2017 - 19:56

Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, денеска одигра речиси 20 минути за Бујукчекмече против фаворитот Фенербахче, а во поразот од 59:82 на гостински терен забележа само 4 поени.

Ова е петти пораз за Бујукчекмече, екипа која не успеа да дојде до позитива во ниту еден од четирите периоди. Фаворитот беше убедлив и на крајот забележа очекувана победа, висока со 23 поени разлика.

Стојановски упати пет удари кон кошот на Фенер, а погоди двапати за скромни 4 поени.

Најново во Кошарка