СЕ ВРАЌА ДОМА СО СЕРИОЗНО ПРИЗНАНИЕ

Ненад Зивчевиќ е најдобриот стрелец во шампионатот на Катар! (ВИДЕО)

Малку подзаборавен од домашната кошаркарска јавност. Вели дека тоа не му пречи, напротив, го мотивира да игра подобро и подобро.

објавено: 24 март 2018 - 15:40

Малку подзаборавен од домашната кошаркарска јавност. Вели дека тоа не му пречи, напротив, го мотивира да игра подобро и подобро.

И тоа го прави, иако далеку до родната земја, во Катар.
Ненад Зивчевиќ, сега во сериозни играчки години, со уште посериозни намери. Да освојува нови простори, макар биле толку далеку од оние европските.
Така е и во оваа сезона која ја одработува далеку, многу далеку од дома... И ја заврши на начин на кој и самиот не верува дека е така.

Како играч на Ал Ахли, Македонецот е најдобриоt стрелец во првенството на Катар!
Успех кој како што објаснува, дошол во едни помалку чудни околности.
Пред се динамиката на одигрување на оние првенствени натпревари...

„Еве на пример, во четириесет дена одигравме 14. натпревари. Навистина сето тоа изгледа напорно само кога броиш, а не пак да играш. А сето тоа беше предизвикано од оние 'прозорци' на ФИБА кои условија и забрзување на календарот на првенството во Катар".

При реализацијана планираното во Ал Ахли се соочиле и со еден друг проблем, здравствениот билтен.

Имавме и еден друг пех, би го нарекол, затоа што сред сезона се повреди нашиот трет странец во екипата, но и еден од најдобрите домашни играчи. Согласно со правилата тука не може да се направи промена на играч во текот на првенството".

Затоа и пласманот не бил според очекувањата на клубот за кој настапува сега нашето доста искусно крило.

"Не е проблем во тоа што завршивме на осмата позиција на табелата. Реално, со постоечкиот играчки ростер можевме да бидеме, и дефинитивно, некоја позиција погоре. Но проблемите со кои се соочивме во текот на шампионатот придонесоа да дојдеме до таму каде што сме".

Сепак многу повеќе од оној колективен дел, важи оној индивидуалниот. Барем за Зивчевиќ.

Затоа што ретки се играчите, особено оние кои доаѓаат од овие простори кои може да се пофалат со титулата за најдобар стрелец во лигата на Катар.

„Никогаш па ниту сега, не сум бил од оние 'фалбаџии', ниту пак сум водел сметка кога, како и што сум реализирал на еден натпревар, во една сезона... Реално, тука одиграв навистина опуштено, без никакви особени притисоци. И како резултат на тоа дојдоа овие бројки"- вели Ненад.

За оние кои малку ја следат кошарката на овие простори, Зивчевиќ ја заврши сезоната како најдобар поентер во лигата на Катар. Скопјанецот има просек од 26. поени...

„Мене повеќе ме радува што имам просек од седум скока и четири додавања, поените се продукт и на несебичноста на соиграчите. Ќе повторам за мене бројките се релативна категорија. Така било и така и ќе остане".

За Зивчевиќ има уште многу малку обврски во оваа сезона. Помалку чудно но и вистинито.

"Така е. Се играше катарскиот Куп, потоа, во април следува и Купот на Емирот, со кој се става крај на сезоната. Пласманот не ни даде да играме во Купот на Катар, па некаде на крајот на овој месец завршуваат и моите обврски во Катар".

Дали тоа би значело дека Ненад Зивчевиќ би можеле да го видиме и во некој од нашите клубови во оваа завршна фаза од сезоната.

"Искрено, не размислувам за Македонија, барем не во овој момент. Повеќе ме 'влезе' играњеро надвор. Се разбора, отворен сум за споработка со било кој коуб, па и со некој нашп. Но реално клуб кој има сериозни намери, амбиции, финансии"- порачува Зивчевиќ, кој како што вели, во текот на следната недела би требало да биде дома, во Скопје.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка