КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕМАМЕ ИДНИНА?

НЕНО ВО ВИСОКО ШПАНСКО ДРУШТВО: Димитријевиќ е номиниран за најдобар млад кошаркар и идеална петорка во АЦБ лигата!

Ненад Димитријевиќ е еден од десет топ-проспекти кои во овој момент настапуваат во најсилната лига во Европа, и е поставен во друштво на млади играчи како Лука Дончиќ, Радончиќ, Јуста, во изборот кој го прави АЦБ лигата.

објавено: 28 април 2018 - 16:18

Македонија има со што да се гордее, барем кога е во прашање шпанската АЦБ лига.

Стигна признанието за Ненад Димитријевиќ, кое вели дека нашиот најмлад сениорски репрезентативец е ниоминран во десетте најдобри млади кошаркари кои се дел од АЦБ лигата, кои влегуваат во изборот за најмлад играч на годината, но и идеалната петорка од млади играчи за сезоната 2017/2018.
Согласно со критериумите на АЦБ лигата, во конкуренција биле сите играчи кои во текот на годината на завршување на сезоната имаат (или веќе наполниле 22 години), односно играчи не постари од 1996 година.

И играчи кои ги исполнуваат следните услови: да одиграле најмалку половина од досега одиграните 28. кола, и притоа да имаче просек од најмалку 10 минути игра.
Согласно со тоа, освен нашиот млад репрезентативец, оваа сезона за наградата за најдобар млад кошаркар но и најдобра петорка во АЦБ лигата конкурираат следниве млади кошаркари:
Лука Дончиќ, Дино Радоњиќ, Санти Јуста (Реал Мадрид), Џонатан Бареиро (Сарагоса), Риналдс Малманис (Басконија), Серхи Гарсија (Валенсија, Луд Хакансон (Естудијантес), но и уште двајца соиграчи на нашиот репрезент од Хувентуд, Симон Биргаднер и Чаби Лопез-Аростеги.

И вие можете да гласате за нашиот млад репрезентативец во изборот на најдобрите млади кошаркари во АЦБ лигата. и тоа на следниот линк..,

http://www.acb.com/mvp/mejorjoven.php

Најново во Кошарка