УШТЕ ЕДЕН ТРАНСФЕР ВО ТУРЦИЈА

Николов се пресели во Измир, ќе игра за Петким

Младиот Македонец со турски пасош, од Јешилгиресун се пресели во второлигаш-ка екипа

објавено: 15 јануари 2018 - 15:10

Кристијан Николов веќе не е член на турскиот прволигаш Јешилгиресун, и својата кариера ја продолжува во Петким спор, клуб од втората лига во Турција.

Николов имаше незабележителна улога во Јешилгиресун, влезе во игра само на седум меча и просекот му беше две минути по меч, премалку за да покаже што знае.

Негова следна станица е Петким спор, тим од долниот дел на табелата во второлигашкото друштво. Таму тренер е Мете Бабаоглу, а најдобар играч им е Бугаринот Калојан Иванов.

Викендов, Петким загуби од Бурсаспор, а Николов не влезе во игра, па дебито веројатно ќе го има на 20 јануари, кога тимот од Измир ќе гостува кај лидерот Турк Телеком.

Најново во Кошарка