ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО СРПСКИОТ КУП

НИШ ОБОЕН ВО ЦРНО –БЕЛО: Нема трофеј за Перо Антиќ

Најдобриот клуб во Србија и на Јадранот во изминатите неколку сезони доживеа дебакл во финалето на Купот „Радивоје Кораќ''. Загубија од својот најголем ривал во историјата, Партизан (75:81).

објавено: 18 февруари 2018 - 23:08

Тоа е Купот, кошаркарски пред се. Не секогаш победуваат фаворитите, во овој случај Црвена Ѕвезда.
Најдобриот клуб во Србија и на Јадранот во изминатите неколку сезони доживеа дебакл во финалето на Купот „Радивоје Кораќ''.
Загубија од својот најголем ривал во историјата, Партизан.
Славеа „црно-белите" со (81:75) откако водеа од првата до последната минута на мечот за пехарот одигран во преполниот нишки „Чаир".
Перо Антиќ одигра нешто повеќе од шест минути, и притоа реализираше ефект од два поени (0/3 од поле и 2/4 од линијата за слободни фрлања).

Најново во Кошарка