Репрезентативецот тешко против фаворитот

Нов пораз за Костоски и Питеши

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски и Питешти не успеаја да слават на гостувањето кај фаворитот, Сибиу (84-76) во рамките на 23. коло во романскиот шампионат.

објавено: 11 март 2017 - 18:46

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски и Питешти го забележаа вториот пораз во низа во романскиот шампионат, откако на гостувањето кај фаворитот Сибиу беа совладани со 84-76 (20-13, 28-25, 21-22, 15-16) во рамките на 23. коло.

Нашиот плејмејкер повторно беше меѓу најдобрите во редовите на Питешти. За нецели 34. минути во игра забележа 11 поени (0/3 за три, 3/4 за два, 5/5 за еден поен), четири скока, три асистенции и две украдени топки.

По некомпленото 23. коло, Питешти е четвртата позиција, пред Орадеа и Темишвар.

 

Најново во Кошарка