Најавите добија и своја потврда

ОФИЦИЈАЛНО: Војдан Стојановски парафираше со Севилја

По заминувањето од Андора, Војдан стана слободен агент а тоа го искористи Севилја, која со новиот репрезентативен капитен потпиша договор со времетраење од една сезона

објавено: 6 август 2016 - 11:51

Војдан Стојановски е нов играч на Севилја. Шпанскиот тим денеска го презентираше своето најново засилување, со кого беше потпишан едногодишен договор. Како што најавивме, новопечениот капитен на кошаркарската репрезентација, ова лето остана слободен агент, откако клубот МораБанк Андора поради кратење на финансиите одлучи да го ослободи. Но, тоа траеше асмо неколку седмици, а Севилја ја искористи опцијата да донесе квалитетен играч, и тоа без обесштетување.
Во Андора, Стојановски имаше просек од 12.1 поен, 2.5 скокови и 2 асистенции по натпревар.

Најново во Кошарка