НАЈАВА ЗА „КАМ-БЕК" НА МАКЕДОНЕЦОТ

ОКТАЈ МАХМУТИ СЕ ВРАЌА: Скопјанецот ќе ја води „Галата"

Иако скоро две години е „надвор од акција", искусниот стручњак важи за топ фаворит да седне на празната тренерска клупа на турскиот гигант, и да му биде тренер на Ричард Хендрикс.

објавено: 10 јануари 2018 - 21:33

Иако скоро две години е „надвор од акција", искусниот стручњак важи за топ фаворит да седне на празната тренерска клупа на турскиот гигант, и да му биде тренер на Ричард Хендрикс.

Зад скопјанецот, се неколку неактивни сезони, но со оглед на лошата ситуација во која се најдоа истанбулските „црвено-жолти", јасно е дека тренер од негов профил може да донесе многу подобри моменти.

Дејвид Пик, еден од најдобрите познавачи на европската кошарка, потврдува дека Октај Махмути постигнал договор, а истиот ќе биде со важност до 2019 година.
Последното работно место на популарниот „Оки" беше во екипата на Дарушафака, каде работеше во периодот од 2014 до 2016 година.
Махмути, роден на 6, март 1968 година во Скопје, во својата тренерска кариера ги предводеше и Ефес Пилсен, (во два наврати), но и италијанскиот Бенетон од Тревизо, а ова ќе биде негово второ доаѓање во „Галата" каде работеше од 2010 до 2012 година.

Најново во Кошарка