МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ

Олимпијакос го потврди Перо Антиќ

Тимот со кого Перо Антиќ освои две шампионски титули во Евролигата го потврди присуството на македонскиот кошаркар на големиот спектал по повод пензионирањето на Душан Ивковиќ.

објавено: 13 септември 2017 - 12:35

Тимот со кого Перо Антиќ освои две шампионски титули во Евролигата го потврди присуството на македонскиот кошаркар на големиот спектал по повод пензионирањето на Душан Ивковиќ.

Легендарниот тренер ќе биде првиот стратег кој го добие признанието „Легенда на Евролигата", свечена церемонија по повод неговото пензионирање ќе се одржи на 20 септември во Атина.

На овој спектакл ќе присуствува и некогашниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ. Тој ќе биде дел од "тимот на ѕвезди" кои некогаш настапувале за Олимпијакос, а ќе ги предводи токму Ивковиќ, кој на другата страна за противник ќе го има грчкиот тим со кого освои две титули во Евролигата.

Најново во Кошарка