„ФЕНЕР“ Е ВО ФОРМА

Перо Антиќ: 12-ка на дресот, 12-ка во записникот

„Сино-жолтите“ рутинерски против ТЕД Колејлер од Анкара (89:76), а нашиот интернационалец еден од најефикасните...

објавено: 21 јануари 2017 - 17:15

Кошаркарите на Фенербахче ја задржуваат лидерската позиција во турскиот шампионат. По успешната акција во евролигашкиот дуел со Панатинаикос, тимот на Перо Антиќ стигна до уште еден триумф во првенството на Турција.

Во една рутинерска игра беа подобри од екипата на Тед Колејлер Анкара со (89:76), а Перо Антиќ беше еден од најдобрите на теренот во „Улкер Спорт Арената“ во Истанбул.

Напиот репрезентатвивец беше реализатор на 12. поени. Интересно сите постигнати од зад линијата 6.75 метри. Затоа што погоди четири од петте шута за три поени, што беа сите негови обиди на овој меч во 21:31 минута поминати во игра ов кои придодаде и шест скока (сите дефанзивни). 

Доволно за скор (13-2) кој е најдобар во шампионатот на Турција по 15 одиграни кола.

Најново во Кошарка