КОГА ТОА ГО ГОВОРИ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ИГРАЧИ НА ОРЛАНДО

Перо Антиќ е доказ дека квалитетот е вечен!

„Посебно сум среќен поради Перо Антиќ. Знам колкав 'звездаш' е. Сјајен тип е, и знам колку сакаше да се врати во Црвена Ѕвезда. Ма него годините не му можат ништо... Тој е класичен доказ дека квалитетот е вечен"- коментира европската величина во НБА лигата.

објавено: 11 јануари 2018 - 10:50

Никола Вучевиќ е еден од најдобрите играчи во селекцијата на Црна Гора. Но асот на Орландо Меџик е стравствен навивач на Црвена Звезда. И не го крие тоа, јавно говори за неговата „конекција" со "црвено-белата" боја.

Нешто налик на нашиот Перо Антиќ, за кого високиот Црногорец има само најпозитивни мислења.
Без оглед на тоа што Будуќност беше подобра од Црвена Звезда и победи во Подгорица, Вучевиќ вели дека Антиќ и соиграчите се пример за тоа како се прави тим.
Посебни зборови членот на „магичните" упати токму кон македонскиот интерационалец.

„Секако дека ми е драго поради сите тие момци кои тргнаа во сезоната како комплетни аутсајдери а веќе ги победија, Реал, Барса. И убеден сум дека триумфалниот низ нема да застане со мечот против Жалгирис.
Посебно сум среќен поради Перо Антиќ. Знам колкав 'звездаш' е. Сјајен тип е, и знам колку сакаше да се врати во Црвена Ѕвезда. Ма него годините не му можат ништо... Тој е класичен доказ дека квалитетот е вечен"- коментира европската величина во НБА лигата.

Најново во Кошарка