ТУРЦИТЕ ОДБРОЈУВААТ...

ПЕРО АНТИЌ СЕ ВРАЌА ВО ИСТАНБУЛ: Многу сум возбуден!

Шампионот на Евролигата, Фенербахче, на еден посебен начин ја најави средбата со Црвена Звезда, му упати добредојде на својот поранешен кошаркар.

објавено: 18 декември 2017 - 11:25

„Внимание, внимание! Перо Антиќ, кој со успех го носеше нашиот дрес во последните две години и кој со нас создаваше историски успеси, се враќа во вторник".

Ова е дел од најавата која ја емитуваше актуелниот бранител на титулата во Евролигата, Фенербахче, пред дуелот против белградска Црвена Звезда закажан за вторник навечер (18.45) во „Улкер спорт"' арената во Истанбул.
Должен не им остана ниту нашиот интернационалец:

„Многу сум возбуден поради враќањето во Улкер Арената!!! Се гледаме во вторник!"

Најдобриот македонски кошаркар беше дел од тимот на Жељко Обрадовиќ во изминатите две сезони, и притоа освои пет трофеи, вклучително и оној највредниот во европската клупска кошарка.

Најново во Кошарка