СТАРАТА ЉУБОВ ЗАБОРАВ НЕМА...

Перо го „пецкаше" Богдан, Ѕвезда го исфрли Партизан од плеј-офот (ФОТО)

Перо Антиќ и Богдан Богдановиќ. Уште еднаш на исто место, но во различни улоги, и секако противнички табор.

објавено: 31 мај 2018 - 10:00

Вториот меч од полуфиналето на плеј-офот во српскиот шампионат, беше добра причина старите другари кои играа неколку сезони заедно во турскиот Фенербахче, да се видат уште еднаш, сега во салата „Александар Николиќ" во Белград.
И уште еднаш да се „пецнат" околу тоа која екипа е подобра, Партизан, за кој навива Богдановиќ, и Црвена Ѕвезда за која настапува нашиот интернационалец.
На крајот, многу повеќе причини за задоволство имаше Антиќ, затоа што „црвено-белите" го добија и вториот меч од серијата, доволен за место во финалето каде го чекаат подобриот од дуелите Борац од Чачак и ФМП Железник, кој води со (1-0) во сеирјата.

Најново во Кошарка