ЗА НЕВЕРОЈАТНАТА ТРОЈКА ВО МАДРИД И ОНА ШТО СЛЕДУВА

ПЕРО ИСКРЕНО: Ако не погодиш, тогаш си трагичар!

Среќен е што погодил, но ако утнел, е тоа е веќе проблем...

објавено: 3 декември 2017 - 15:20

Колку е мала разликата помеѓу оној момент кога ќе погодиш некој важен шут се разбира, и оној другиот, кога нема да го направиш тоа...

Се обиде, онака „на раат“. да го објасни токму Перо Антиќ, кој ја имаше таа чест, да ја реши средбата во Мадрид, и на Црвена Звезда да и донесе сензационална победа над Реал.

„Гледајте, сега сите зборуваат: „Херој, херој", но ако не погодите, тогаш сте трагичар. Среќен сум дека таа топка влезе во кошот. Го тренирав тоа многу пати, и среќен сум дека погодив. Ова беше сјајна победа, над еден неверојатен тим" - се навраќа Антиќ уште еднаш на дуелот во Мадрид во кој ја погоди тројката за победа.

„Ова е тимски спорт, и секој треба да даде свој придонес во тоа. Не е се во поентирањето. Мораме да играме и одбрана. Некогаш и ќе се развикаш погласно од што треба, не во лоша смисла, туку онака, да ја подигнеш екипата. Јас сакам да играм тимски и го сакам овој спорт"- истакна крилото на „црвено-белите" кои ставија крја на низата на проази во Евролигата.

Трет за нив во десет одиграни кола.

„Мораме да продолжиме да растеме, да одиме од натпревар во натпревар. Ова беше голема победа, доказ дека напорно сме работеле во изминатиот период и дека можеме д играме против најдобрите"- вели Антиќ, кој појасни што е „работата" со Лука Дончиќ кому му ја „украде" последната топка.

„Знаете дека син ми се вика Лука, и тој е неговиот идол, Имам големо почитување спрема Лука, кој ќе биде најдобар играч во Европа за неколку години" - заклучува Перо.

 

Најново во Кошарка