ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ПОВЕДЕ СО 2-0 ВО ФИНАЛЕТО НА СРПСКИОТ ПЛЕЈОФ

Перо мирен, Звезда на чекор од титулата

Црвена Звезда и по вторпат го совлада ФМП, а до својата нова титула во Србија може да дојде веќе в понеделник

објавено: 9 јуни 2018 - 20:00

Црвена Звезда славеше на гостувањето во Железник кај ФМП со 68:62, и поведе со 2-0 во финалната серија која се игра во три добиени. Првата меч-топка, тимот за кој игра македонскиот центар Перо Антиќ, ја има задутре и тоа на домашен терен. Вечерва придонесот на Антиќ беше само 1 поен, и 5 скока за 21 минута. 

ФМП тргна мотивирано, беше подобар во првата четвртина во која даде двојно повеќе поени од Звезда, водеше со 20-10, но тимот на тренерот Миленко Топиќ се разигра и ја доби втората четвртина со 29-14, правејќи пресврт и воспостувајќи контрола врз резултатот. Во второто полувреме гостите постојано беа во водство, но „пантерите“ беа блиску и не му дозволуваа на првакот да се одлепи на поголема разлика. Сепак, екипата на ФМП во последните 3,25 минути од мечот не даде ниту еден поен, и со тоа ја загуби шансата за евентуален пресврт и победа. 

Најново во Кошарка