Нема нова радост за плејмејкерот

Питешти не го доби дербито, Костоски скромен

По големата победа во минатото коло, Питешти и Александар Костоски на гостувањето кај Стеауа се поразени со убедливи 77:65. 

објавено: 10 февруари 2017 - 21:11

Екипата на Питешти не успеа да дојде до уште една голема победа. Тимот за кого настапува Александар Костоски на гостувањето кај Стеауа беше поразен со убедливи 77:65 (11-18, 19-17, 25-14, 22-16).
Питешти добро го започна натпреварот, по релативно изедначената игра во првото полувреме, падна во третата четвртина (25-14).

Македонскиот репрезентативец во игра мина нецели 37. минути за кои постигна само три поени (1/4 за три, 0/4 за два поени), фати три скока и подели осум асистенции.

По 19. коло, Питешти се наоѓа петото место на табелата во романскиот шампионат.

Најново во Кошарка