Дефиниција за успешен кошаркарски камп

ПОТРАГАТА ПО ТАЛЕНТИ И ВО МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА: И по трет пат по ред „Тео 4"...

Милош Теодосиќ – синоним за успешен кошаркар, со сите оние потребни атрибути, да биде лиде рна тимот, без разлика на тоа дали е дел од европската или светската, сега и НБА елита.

објавено: 21 март 2018 - 19:15

Докази има многу, а онаа следна насока кон која се стреми искусниот српски репрезентативец е креирање на нови млади сили.

Затоа и ова лето неговиот тим на кампот „Тео 4", че ги (по) бара и во нашата земја.
Трета сезона по ред, една врвна организација во која се вклучени бројни квалитетни тренери (од Македонија е Александар Петровиќ, актуелен предводник на Куманово), е презентирана и пред нашата кошаркарска јавност.


Тоа го потенцира и Лазар Гојковиќ, кој е координаторот на кампот лоциран на брегот на Сребрено Езеро.
Иако уште од првата година дел од овој камп се и деца од Македонија, желбата на организаторите е бројот на учесници од нашата земја уште повеќе да се зголемува.

„Ова е трета година како го организираме кампот. Досега имавме околу 1.500 деца од 50 различни земји, на возраст од девет до 17 години. Од Македонија имавме околу 100 деца, бројка што очекуваме да порасне на овој летен камп" – вели Гојковиќ.

Кампот повторно ќе се организира во убав амбиент крај реката Дунав, на околу 110 километри оддалеченост од Белград.

Сепак, организаторите се посебно горди на на некои други работи, сериозноста на работата и интензитетот на тренинзи.

„Клучна разлика меѓу нашиот и останатите кампови во регионот, е начинот на работа. Иако има многу кампови, ние се разликуваме по принципот на работа и на ангажман на децата. Многу сме поквалитетни од сите, клучот е принципот на работата на тренерите.Ние не сме комерцијален камп, туку бараме таленти и ги учиме децата што е тоа кошарка и како да станат подобри кошаркари" – со гордост коментира Јован Теодосиќ, братот на Милош кој своевремено настапуваше за МЗТ Скопје, а сега го води кампот „Тео 4".

Инаку, и оваа година како и претходната, „Тео4" ќе се организира во вкупно седум смени, од 20. јуни до 15. август, а вообичаена е пракса кошаркарот што ќе биде избран за МВП на смената да добие бесплатно учество за наредната година.

„Минатата година како најкорисни беа одбрани деца од Словенија, Литванија, Србија, Данска, Бугарија, Грција и Естонија. Од споменатите, сигурно ќе има неколку сериозни играчи, кога ќе стасаат во сениорските години" – смета Гојковиќ.

Најново во Кошарка