Не помогна одличната партија на плејмејкерот

„Проектилите“ на Костоски не му помогнаа на Питешти

Александар Костоски и неговиот Питешти не успеаја да го изненадат лидерот во романскиот шампионат, на гостувањето кај Клуж беа поразени со 94-84.

објавено: 8 март 2017 - 21:03

Питешти за кого настапува Александар Костоски останува на последното место на табелата во романскиот шампионат. Тимот на македонскиот репрезентативец не успеа да приреди изненадување, на гостувањето кај лидерот Клуж беше поразен со убедливи 94-84 (24-21, 21-23, 23-15, 26-25).

Костоски пружи одлична партија беше на чекор до трипл-дабл. За нецели 32. минути во игра постигна 22 поени (6/8 за три, 2/4 за два, 8/12 за еден поен), осум скока, девет асистенции и две украдени топки.

По 22. коло, Питешти е на шестото место на табелата со 34 бода исто колку и Темишвар и Орадеа. 

 

Најново во Кошарка