СТАЛ ОСТРОВ МИНИМАЛНО ПОРАЗЕН ОД АНВИЛ

Рајковиќ го загуби првиот финален меч во Полска

Стал Остров, чиј тренер е Македонецот, не успеа да ја искористи бледата игра на противникот, но веќе задутре има нова шанса за брејк

објавено: 24 мај 2018 - 22:37

Анвил Влоцлавек го победи Стал Остров со 62:61 во првиот меч од финалето на плејофот во полскиот шампионат. Тимот на тренерот Емил Рајковиќ, во третата четвртина даде само 9 поени, и тука му дозволи на противникот да преземе контрола, но двете екипи игра многу лошо во напад, имаа слаба реализација на шутевите, па победникот не се знаеше до крајот. Квинтон Хосли погоди за 62-58 на 5 секунди до крајот, па Стал со тројка само го ублажи поразот. 

Финалето во Полска се игра во четири добиени, а следниот меч е задутре и повторно Анвил ќе биде домаќин, по што ќе следуваат два меча по ред во кои улогата на домаќин ќе ја има тимот на Рајковиќ. 

Најново во Кошарка