ПОЛСКА ИМА НОВ ШАМПИОН, ТИМОТ НА ЕМИЛ Е ВИЦЕПРВАК

Рајковиќ не успеа, титула за Анвил

Анвил Влоцлавек славеше со 4-2 во победи и ја освои првата титула после 2003 година

објавено: 4 јуни 2018 - 20:09

Тимот Слам Стал, чиј тренер е Емил Рајковиќ, загуби дома од Анвил Влоцлавек со 65:73 и со 2-4 го загуби финалето на плејофот во полскиот шампионат. Така, заврши тригодишната доминација на Стелмет Зиелона гора, а за Анвил ова е прва титула после 15 сезони, кога дресот на овој клуб го носепе Душан Боцевски. 

Момците на Рајковиќ одиграа лошо во првата и последната четвртина, па во финишот немаше дилеми кој ќе триумфира на денешниот шести меч од финалната серија. И пласманот во финалето е успех за „челичните“ од Остров Вјелкополски.  

Најново во Кошарка