МАКЕДОНСКИОТ ТРЕНЕР НЕ Е СИГУРЕН ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ПОЛСКА

Рајковиќ: Сакам Стал да освои титула, со или без мене!

објавено: 6 јуни 2018 - 20:30

После поразот од 2-4 во финалето на полскиот плејоф, Емил Рајковиќ изјави дека не е сигурен дали ќе остане тренер на Стал Слам Остров и во следната сезона. 

„Не сме разговарале со управата за мојата иднина во клубот. Го сакам овој клуб. Се надевам дека Стал ќе освои титула во следната сезона, без разлика дали јас ќе бидам на клупата или некој друг тренер“ - изјави поранешниот тренер на Фени, Работнички и МЗТ. 

Според Рајковиќ, титулата на Анвил е сосема заслужена, а неговиот тим не ги искористил шансите кои му се укажале во финалната серија. Вицешампионското место е успех за Стал, клуб кој ја играше третата сезона по враќањето во првата лига.   

„Уживавме во играта цела сезона. Мислам дека сребрениот медал е успех за клубот и градот Остров Вјелкополски. Горд сум на сите играчи. Тие ја жртвуваа личната статистика за доброто на тимот. Не им беше важно кој каква статистика ќе има, туку колективот го ставаа на прво место. Треба да бидеме задоволни“ - додава Рајковиќ. 

Најново во Кошарка