ДОБРИ ВЕСТИ ОД ИСТАНБУЛ

Ричард Хендрикс остана, и „Галата“ победи

Просле стапувањето во штрајк, нашиот репрезентативец ги доби платите кои клубот му ги должеше и сега тој продолжува да игра за Галатасарај чиј тренер е скопјанецот Октај Махмути.

објавено: 11 март 2018 - 19:05

Просле стапувањето во штрајк, нашиот репрезентативец Ричард Хендрикс ги доби платите кои клубот му ги должеше и сега тој продолжува да игра за Галатасарај чиј тренер е скопјанецот Октај Махмути.

Американецот со македонски пасош, на дуелот со Ескишехир, кој Галата го доби со 84:78, имаше учинок од 12 поени и 9 скока. Со тоа, Хендрикс беше трети стрелец и прв скокач во тимот од Истанбул. Галатасарај има скор 8-12, а осмиот Ескишехир (осмото место води во плејоф) му бега две победи.
Газијантеп го совлада Бујукчекмеџе со 87:67 во дуелот на кој кај гостите, еден од подобрите беше Војдан Стојановски со 15 поени и три асистенции за 28 ипол минути игра. После 20 рунди, Бујукчекмеџе има биланс 7-13 и засега не му е загрозен прволигашкиот статус.

Најново во Кошарка