ПОЗНАТИ ПЛАТИТЕ НА КОШАРКАРИТЕ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Само Тејлор Рочести „тежи“ повеќе од Перо Антиќ

Перо Антиќ ќе биде вториот најплатен кошаркар во таборот на српскиот тим. Некогашниот капитен на македонската репрезентација за една година во „црвено-белиот“ дрес ќе заработи 400.000 евра, на првото место на оваа листа е Тејлор Рочести. 

објавено: 13 септември 2017 - 13:56

Во српската јавност излезе списокот со платите на кошаркарите на Црвена Звезда. Перо Антиќ е вториот најплатен кошаркар во таборот на „црвено-белите“. Некогашниот капитен на македонската репрезентација за една година ќе заработи 400.000 евра, на првото место на оваа листа е Тејлор Рочести, кој ќе зема 450.000 евра. На третото место е Џејмс Фелдин со 350.000 евра.

Екипата на Црвена Звезда во новата сезона ќе „тежи“ 3.000.000 евра, челниците на клубот воопшто не штедеа, бидејќи нивна цел е пласман во завршницата на Евролигата.

 

Најново во Кошарка