ТИМОТ НА МЕКЕЈЛЕБ И ХЕНДРИКС СИ ПОИГРА СО ОБРАДОИРО

„Шоу-тајм" во Лас Палмас

Гран Канарија брзо ја преболе елиминацијата во Еврокупот, со убедлив триумф против Обрадоиро (91:57).

објавено: 5 март 2017 - 20:35

Иако пред 48. часа беа елиминирани во четврфиналето на Еврокупот, тоа не влијаеше премногу во играта на кошаркарите на Гран Канарија во првенството на Шпанија.

Во 23. коло од АЦБ лигата тимот од Лас Палмас прикажаа егзибициска игра и убедливо го совлада тимот на Обрадоиро со (91:57).
Ричард Хендрикс одново не беше во „сино-жолтиот" состав (поради повреда), а и Лестер Мекејлеб не играше премногу. Во оние 13.36 минути кои ги мина на паркетот во Арената во Лас Палмас, Американецот со македонски пасош реализираше седум поени (1/2 за три и 2/6 за два поени) и имаше уште четири асистенции.
По овој круг во АЦБ лигата, со скор (14-8), Гран Канарија е на седмата позиција, која води во доигрувањето за титулата (одат првите осум).

Најново во Кошарка