СЕГА ВЕЌЕ Е ОФИЦИЈАЛНО

СТИГНА ПОТВРДА И ОД ЦРВЕНА ЗВЕЗДА: Перо Антиќ се врати дома!

Црвена Звезда на својата официјална страница потврди дека Перо Антиќ по десет години пауза повторно ќе игра во „црвено-белиот“ дрес. Српскиот тим му посака добредојде на некогашниот капитен на македонската репрезентација. 

објавено: 11 септември 2017 - 19:36

Црвена Звезда на својата официјална страница потврди дека Перо Антиќ по десет години пауза повторно ќе игра во „црвено-белиот" дрес. Српскиот тим му посака добредојде на некогашниот капитен на македонската репрезентација.

„Перо Антиќ се врати дома. Прославениот интернационалец и „закоравен Звездаш“ се врати по десет години. Добредојде дома Перо Антиќ“, стои на официјалниот сајт на српскиот тим.

Антиќ потпиша едногодишен договор со Црвена Звезда и тој во четврток ќе се очекува да му се приклучи на тимот. 

 

Најново во Кошарка