Очекуван исход

Стојановски одличен против Бешикташ, ама Бујукчекмече реди порази

Војдан Стојановски одигра одличен меч за Бујукчекмече против Бешикташ, беше втор стрелец во тимот со 14 поени, но нема многу причини за радост, бидејќи се нижат порази

објавено: 13 јануари 2018 - 16:52

Војдан Стојановски одигра одличен меч за Бујукчекмече против Бешикташ, беше втор стрелец во тимот со 14 поени, но нема многу причини за радост, бидејќи се нижат порази.

За нешто повеќе од 26 минути игра нашиот репрезентативец постигна 14 поени и беше втор стрелец зад Јилдизли со поен повеќе.

Бујукчекмече има три порази по ред и е на десеттото место со 20 бодови по 15 одиграни рунди во Турција. Првите 8 екипи ќе играат плејоф за титулата.

Најново во Кошарка