ЛУИЏИ ДАТОМЕ СЕ ЗБОГУВА СО ПЕРО АНТИЌ

„Ти си еден од моите најдобри соиграчи на сите времиња" (ФОТО)

Ти си еден од моите најдобри соиграчи на сите времиња. Лудо ќе ми недостасуваш БРАТЕ"- порача на англиски јазик италијанското крило, заедно со она српско БРАТЕ на крајот на пораката на својот Инстаграм профил.

објавено: 12 септември 2017 - 17:00

Ниту на Луиџи Датоме не му било така едноставно кога дознал дека во наредната сезона неа да ги дели сите добри. Па и некои помалку добри работи, со својот соиграч од Фенербахче, Перо Антиќ

Италијанскиот репрезентативец се подготовува за четвртфиналниот дуел против Србија (каде го има и Богдан Богдановиќ како екс-соиграч), но во меѓувреме се „прости" со својот голем, пријател. Или како што вели еден од најдобрите соиграчи кои ги имал во животот.

Момци, треба да знаете дека секој пат кога ќе напишам нешто како ова, било тоа да е за Екпе, за Богдан, сега, кога пишувам нешто добро за луѓето, животните, градовите, или фактите – после неколку минути Перо ми праќа порака дека сум лажго, дека не верувам во еден единствен збор кој што сум го напишал... Дека тоа сум го напишал... ајде така да кажеме, за да ги „зафркавам' луѓето. Сега е твој ред, не ме интересира со што ќе те зафркавам...

Конечно, нема да го заземеш моето место во соблекувалната, нема да ме влечеш за брадата, нема повторно да ја скратуваш мојата преубава коса, нема да ми додеваш кога читам. Не ќе мораш да ги инфицираше заедничките места, нема да ме бараш да те водам во теретана!
Но, секогаш постои 'но'...
Каков си ти шампион, и каков неверојатен соиграч беше! Тренинзите и патувањата веќе нема да бидат исти поради твојата непрестаната желба да зборуваш и да се шегуваш со луѓето. Ти си еден од моите најдобри соиграчи на сите времиња. Лудо ќе ми недостасуваш БРАТЕ"- порача на англиски јазик италијанското крило, заедно со она српско БРАТЕ на крајот на пораката на својот Инстаграм профил.

Најново во Кошарка