Кошаркарите на Левски од Софија се новите шампиони на Бугарија.
Во четвртиот натпревар од финалето на плеј-офот, втор во Ботевград, Левски беше за еден поен подобар од Балкан (86:85), доволно за трета одлучувачка победа во финалето на бугарскиот плеј-оф.
Па она шт не му успеа како прв тренер на МЗТ Скопје, Александар Тодоров го реализираше како асистент во стручниот штаб на „сините" предводен од Константин Папазов.
Ова е втора титула за Левски во оваа сезона, откако пред нешто повеќе од еден месец го освоија и шампионскиот пехар во БИБЛ лигата,