НЕ МОЖЕ ДА СЕДИ МИРЕН...

ТОДОРОВ: Дојдов да му помагам на Тити, секако и на Левски Лукоил

„Во раговорите со раководството на кубот, е поставена клаузула дека сум делл од стручниот штаб, каде прв тренер е Константин Папазов. Договорот е со важност во наредните три месеци, односно до крајот на оваа сезона"- потврдува Тодоров.

објавено: 14 февруари 2018 - 17:35

Не седеше долго време „мирен" Александар Тодоров.

По разделбата, пријателска, со МЗТ Скопје каде се обиде да направи нешто повеќе од неговото претходно „домаќинство" со клубот од Аеродром, Тодоров одработи една мини (едномесечна) тренерска секвенца во романската Крајова, а сега патот го води „назад", кон Софија, односно влегува во новиот бугарски проект наречен Левски Лукоил.

„Тука нема што тука посебно да се додава или одзема,би рекол. Добрите релации кои ги имам со Константин Папазов, сега и со новиот менаџерски и раководен тим на Левски Лукоил, се основната причина за да ја прифатам понудата која дојде од нивна страна"- вели довчерашниот тренерски предводник на МЗТ Скопје.

Кои се точните обврски на нашиот искусен стручњак, и не може точно да се дефинираат во целост. Но...

„Во договорот стои дека сум ангажиран како член на стручниот штаб. Важи во наредните месеци односно до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Во него има и некои други клаузули како на пример ако си замине Тити (Папазов), си заминувам и јас од клубот. Тоа веќе им го кажав на луѓето кои го водат клубот. Но не би зборувале сега за тие теми. Фокусот е усмерен кон она што следува"- дополнува Тодоров.

Оа она што следува е некоја „игра на судбината". Вечерва, Левски Лукоил се среќава со екипата на Балкан, клуб каде свој „печат" пред некоја сезона стави Тодоров.

„Одамна не владеам доволно силно со емоциите, па така нема да биде и сега. Секој со своите работни обврски, Моите се сега да бидам подобар од секој противник на Левски Лукоил, а тоа вклучува да го победиме и Балкан".

Но тоа не е се, овој договор за ангажман вклучува негово учество и на еден друг проект, водење на селекцијата на Бугарија „Под 20" години.

„Рано е да се говори за тие работи. Чест и задоволство е да се работи со Тити, затоа сум и тука. Дали ќе има и такви обврски, ќе видиме во периодот кој следува. Ако сум слободен, зошто да не? Но летото со себе, барем кај мене, носи и други работни задачи, па ќе видиме"- вели Тодоров од Софија.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка