НЕПОЈАВУВАЊЕТО ВО КУМАНОВО ДОВОЛНО ЈАСЕН СИГНАЛ

Тодоров не се враќа во Пеќ

Раководството на Пеќ не ги подмирило своите финансиски обврски спрема нашиот тренер, но не и само кон него. Во прашање биле и играчите, пред се оние странските, кои во меѓувреме се одлучиле на онаа непопуларна метода - штрајк.

објавено: 30 март 2017 - 14:10

Иако и пред реванш средбата од полуфиналето на плеј-офот од БИБЛ луитгата, онаа во Куманово, се говореше дека Александар Тодоров е пред заминување од екипата на Пеќ, се чини дека таа најава доби потврда токму во Куманово.

На местото каде пред многу години стигна до финалето на македонскиот плеј-оф, Александар Тодоров не се појави на клупата на тимот каде се води како шеф на стручниот штаб.
Во негово отсуство тимот од Пеќ го предводеше неговиот асистент Бујар Лоци.
Според медиумите од Косово, во изминатите седум дена, односно во она временско „интермецо" помеѓу двата полуфинални натпревари, нашиот стручњак воопшто не учествувал во работата на екипата која се подготвуваше за возвратниот меч во Куманово.
И навистина не е тешко да се погоди поради што дошло до една таква ситуација.
Раководството на Пеќ не ги подмирило своите финансиски обврски спрема нашиот тренер, но не и само кон него. Во прашање биле и играчите, пред се оние странските, кои во меѓувреме се одлучиле на онаа непопуларна метода - штрајк.
Впрочем, поголем дел од Американците ги пропуштиле последните натпревари, а кулминацијата на незаодоволството се случи во Куманово, каде освен Тодоров, на листата на пријавени играчи не беа ниту носителите на играта како Тилотсон, Рандлс и Били.
Сите тие ги барале своите заостанати примања, но откако не добиле позитивен одговор одлучиле да не настапат на овој решавачки натпревар по кој останаа и без место во финалето на БИБЛ лигата каде беа во улога на дебитанти.
А се чини дека во тој стил раководството на „црно-жолтите"и ќе ја заврши оваа сезона- почетнички.

Најново во Кошарка