ПА ПАУЗА ОД ТРИ ГОДИНИ

Тодоров се врати во Бугарија

Македонскиот тренер, Александар Тодоров ќе биде дел од стручниот штаб на Левски Лукоил, кој оваа сезона атакува на тројна круна.

објавено: 14 февруари 2018 - 09:44

По три години пауза, Александар Тодоров се враќа во бугарската кошарка, но како дел од стручниот штаб на Левски Лукоил. Тој ќе му помага на првиот тренер Константин Папазов со кого се блиски пријатели,, а своевремено беа и ривали, кога македонскиот стратег го предводеше Рилски Спортист и тимот на Балкан.

Тодоров кој веќе е во бугарската претстолнина и Левски оваа сезона ќе ја бркаат тројна круна. Сезонава ја почна на клупата на МЗТ Скопје, но после неколку месеци си замина, а потоа имаше советничка улога во еден романски прволигаш.

Најново во Кошарка