Александар Костоски со неговиот тим Питешти ја завршија сезоната во романското првенство. Пред своите навивачи Питешти загуби со 72:89 и со 0:3 во победи е елиминиран од плеј-офот.
Костоски одигра речиси 35 минути во кои постигна седум поени (1/4 за два, 1/5 за три, 2/2 за еден поен), а имаше и четири асистенции и шест скока.