МАКЕДОНСКИОТ КАПИТЕН ВО ГЛАВНА УЛОГА

Војдан ги скрши крилјата на Банвит

Стојановски реализираше осум од своите 20 поени во последните минути како и екстра периодот од пет минути во „македонското дерби" и победата (89:84) над тимот кој го водат нашите Сашо Филиповски и Боби Митев...

објавено: 10 февруари 2018 - 13:17

Бујукчекмече работи по тактот на Војдан Стојановски...

Тоа беше јасно видливо и на дуелот во Бандирма во кој Бујукчемече стигна до мошне важен триумф (89:84), макар остварен во продолжението од пет минути.
Екстра период во кој екстра игра прикажа и капитенот на нашиот национален тим.

Стојановски реализираше осум од своите 20. поени со кои ја вратти правдата на страната на гостите од Истанбул.
Бујукчекмече требаше да победи и во оној регуларен дел од мечот, но испушти предност од девет поени за смо неколку минути, оние финалните.
На крајот за 29:26 минути во игра Стојановски беше и најефикасниот играч во гостинската екипа. Погодуваше со 90% на успешност. Имаше девет точни од десетте изведени шутеви од поле и двете слободни фрлања во критичниот период од мечот. Имаше и три скока и една асистенција, доволно да биде играч на натпреварот во „градот на пилешкото".

Најново во Кошарка