БУЈУКЧЕКМЕЧЕ ПОДОБАР ОД НОВИОТ ЕВРОЛИГАШ

Војдан и Вокер ја шокираа „Дачка"

Македонскиот капитен реализираше десет поени, три асистенции и еден скок во минималната победа над Дарушафака (77:75)...

објавено: 16 април 2018 - 21:50

Кошаркарите на Бујукчекмече се чекор поблиску до опстанокот во друштвото на најдобрите екипи во турскиот шампионат.

Тимот на Војдан Стојановски стигна до многу важна победа над екипата на Дарушафака со резултат (77:75). Заокружена со едно солидно издание на капитенот на нашиот национален тим.
Како дел од првата петорка, Стојановски помина ското 28. минути на пакретот во дуeлот против новиот освојувач на Еврокупот и иден учесник на Евролигата.

Притоа реалиизираше десет поени (1/1 са три и за еден, односно 3/5 во шутот за два поени). Освен тоа имаше и три успешни додавања и еден скок во овој натпревар во кој имаа одличен старт. Домаќините имаа плус 10 по првиот период од играта. Но застанаа во вториот, по кој фаворитот се врати целосно во натпреварот. Сепак, во неизвесната завршница со шест реализирани слободни фрлања Вокер направи недостижна предност.
По 25 одиграни кола, и скор (8-17), Демир Инсат Бујукчекмече се наоѓа на 13. позиција на табелата, колку што има Јешилгиресун. На последните две позиции се Газиантеп (7-18) и Муратбеј Ушак (5-20)

 

Најново во Кошарка