ФОРМИРАНА СЛЕДНАТА РУНДА ВО ФИБА ЕВРОКУПОТ

Војдан ќе ја брани честа

Со одигрувањето на шестото коло, заврши регуларниот дел од ФИБА Европа Купот.

објавено: 7 декември 2017 - 13:20

А вкупно 16. клубови од Европа се пробија во онаа нова, т.н „ТОП 16" фаза.

По двата најдобри тимови од секоја група (вкупно осум), сега се поделени во нови четири во кои ќе се продолжи во вториот круг од натпреварите, кој стартува на 20. декември, а ќе трае до 7.февруари.
За потсетување во ова натпреварување учествуваа нашите претставници Работнички (испадна во елиминациската фаза), и Карпош Соколи (елиминиран во онаа групна фаза).

А во овие новоформирани групи, честа на македонската кошарка ќе ја брани капитенот, Војдан Стојановски, кој со својот Бујукчекмече е дел од групата „Ј ", заедно со литванскиот Невежис, и унгарската двојка Егис Керменд и Алба Фехервар.

ГРУПА И: Ле Портел (Франција), Нижњи Новгород (Русија), Катаја баскет (Финска), Истанбул (Турција)
ГРУПА Ј: Невежис (Литванија), Бујукчекмече (Турција, Егис Керменд (Унгарија), Алба Фехервар (Унгарија),
ГРУПА К: Морнар (Црна гора), Цмоки Минск (Белорусија), Бакен беарс (Данска), Солнок (Унгарија),
ГРУПА Л: Керавнос (Кипар), Клуж (Романија), Гронинген (Холандија), Монс (Белгија)

 

Најново во Кошарка