Последниот пријателски натпревар за овој подготвителен период избраниците на Панче Милевски го одиграа против Ирска на домашен терен
Нашите кошаркарски надежи во овој контролен меч запишаа победа од 68:57 односно 19-11, 25-11, 15-16 и 9-19 по четвртини.
Андреј Јакимовски постигна 20 поени, десет имаше Темелковски. Поен помалку запиша капитенот Стојановски, осум поени реализира Миса, Панов - 7, Какруки запиша шест поени зад своето име додека Исајлоски и Здравевски придодадоа по четири поени.