НА СТАРТОТ НА ТУРНИРОТ ЗА ИГРАЧИ ДО 19 ГОДИНИ

Јуниорите на МЗТ Скопје победнички во АБА лигата

Младите играчи на македонскиот првак го победија Морнар со 86:82

објавено: 24 ноември 2017 - 20:35

Јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром со победа стартуваа на АБА турнирот за играчи со 19 години. Младите „штркови“ со 86:82 славеа во дуелот против врсниците на тимот на Морнар.

Надежите на македонскиот првак одиграа две одлични четвртини и тоа беше доволно за победа. По првите 10 минути МЗТ имаше голема предност од 28:13, но противникот во следниет две четвртини не само што ја стигна негативата, туку во последниот квартал влезе со предност од четири поени. 

Сепак, играчите на МЗТ одиграа најдобро кога беше најпотребно. Со 25:17 ги добија последните 10 минути и на тој начин стигнаа до успех. Дамјан Крстевски со 27 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека Дамјан Миса даде 13 поени, а двоцифрени беа и Трсунов со 12 и Какруки со 11 поени.

Утре во 11:30 часот МЗТ Скопје Аеродром игра против врсниците од Цибона.  

 

Најново во Кошарка