нба

Јута „избега“ од хаосот на Западот

„Џезерите“ победија на гости кај Лос Анџелес лејкерс и на тој начин си обезбедија место во плејофот

објавено: 9 април 2018 - 10:30

Екипата на Јута џез е четвртиот тим од западната конференција што обезбеди место во плејофот од НБА лигата. „Џезерите“ немаа многу проблеми и лесно со 112:97 победија на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс и стигнаа до 47 победа сезонава, што е доволно да бидат на место кое носи разигрување за титулата. 

Донован Мичел беше вистински предводник на гостите. Даде 28 поени, а имаше и девет скока и осум асистенции. 

Резултати: ЛА Лејкерс - Јута 97:112, Торонто - Орландо 112:101, Феникс - Голден Стејт 100:117, Мемфис - Детроит 130:117, Бостон - Атланта 106:112, Шарлот - Индијана 117:123, Филаделфија - Далас 109:97.

Најново во Кошарка