ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ ПОВТОРНО ВО ШПАНИЈА

„Кам-бек“ на Мекејлеб во Сарагоса

Поранешниот македонски репрезентативец се врати во редовите на Сарагоса

објавено: 10 август 2018 - 13:50

33-годишниот плејмејкер Лестер Бо Мекејлеб играше во летото во Луизијана (САД). Минатата сезона токму за Сарагоса одигра девет натпревари во Ендеса лигата со просек од 11.9 поен, 2.7 скокови, 3.7 асистенции и 1.3 украдена топка по меч.

На почетокот од март годинава беше објавено дека се случи семејна трагедија и мораше да има привремен прекин на кариерата.

Професионално играше кошарка уште во Франција, Германија (Баерн Минхен), Србија, Турција (Фенербахче и Мерсин Бујукшехир Беледијеси), во НБА предсезона за Њу Орлеанс Пеликанс и беше дел од шпанската Гран Канарија.

Најново во Кошарка