ПО ПОРАЗОТ ВО ВЕЧНОТО ДЕРБИ ОД РАБОТНИЧКИ

Каменуван автобусот на МЗТ Скопје Аеродром

Според билтенот на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во 22,50 часот во населбата Аеродром

објавено: 17 април 2018 - 10:59

Поразот на МЗТ Скопје Аеродром од вечниот ривал Работнички, е една од можните причини за нападот на автобусот со кој играчите на актуелниот првак се враќаа од мечот во Гостивар. Во пресрет на последната четвртина, МЗТ имаше предност од пет поени, но на крајот загуби убедливо со 92:74.

Во билтенот на Министерството за внатрешни работи има извештај за тоа што се случило за време на нападот.  

„На 16.04.2018 година во 22,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Васко Карангелевски" од страна на непознати лица било скршено едно стакло од автобус „Неоплан" со скопски регистерски таблици, во кој се превезувале кошаркари на Кошаркарскиот клуб „МЗТ"-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар. Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, стои во извештајот на МВР.

Најново во Кошарка